Производствениот процес на "Металопромет" вклучува:
- Две линии за кроење и сечење на лим во котори
- Две линии за производство на профили и цевки со развиена ширина од 120mm
- Линија за производство на профили и цевки со развиена ширина до 320mm
- Линија за производство на профили и цевки со развиена ширина до 560mm
- линија за производство на профили и цевки со развиена ширина до 800mm
- две линии за производство на електро заварени арматурни мрежи за градежништвото од Ф 4,0mm до Ф9,0mm
- Линија за производство на статични носачи за ферт греди
Сите производи се произведуваат со високо развиена технологија и најквалитетни суровини. Производите се атестирани од најкомпетентните институции во државата, и истите ги задоволуваат сите потребни стандарди.
Произведуваме со цел да ги задоволиме потребите на потрошувачите од секторот на црна металургија, преку континуирано усовршување и инвестирање во процесот на производство, технологија и знаење.
Примена:
Богатиот асортиман на нашите производи наоѓа широка примена и ги задоволува потребите на различни видови на производства и активности, како на пример:
- машинска индустрија;
- градежништво;
- земјоделство;
- производство на мебел;
- автомобилска индустрија;
- металопреработувачка индустрија и др.
Пакување:
Цевите и профилите вообичаено се пакуваат во пакети - бунтови (вези) во шестоаголен (округли) или квадратен облик (квадратни и правоаголни) и се врзуваат со челична трака и жабици на прописен број на места. Тежината најчесто се движи од 700 до 1500 кг. во зависност од надворешниот пречник, дебелината на ѕидот и должината на цевките и профилите.
Отпрема:
Порачаните количини се сметаат за реализирани ако испорачената количина варира ±5% од договорената количина.







































































